Недостигот од работна сила се повеќе се чувствува во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението.
Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата.
Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места.
Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.