Германскиот универзитет во Гетинген побара од поранешниот канцелар, Герхард Шредер, да се откаже од почесниот докторат поради неговите ставови за Русија и задржувањето позиции во руски компании.

Несфатливо е Герхард Шредер, по толку недели војна во Украина и се потешката хуманитарна катастрофа во таа земја, да не ја осуди руската агресија и да не поднесе оставка од руските компании – порачаа од Универзитетот во Гетинген.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.