Стотици пожарникари, поддржани од авиони за гаснење пожари, денеска се борат со голем пожар во југоисточна Франција, што принуди евакуација на околни села.
Тринаесет пожарникари се повредени во Бордезак, село каде избувна пожарот. Вкупно 18 пожарникари се повредени во неколку шумски пожари кои со денови пустошат во регионот, јавува радиото Франс Инфо.
Неповолните временски услови – суша, горештини и силни ветрови – ги отежнуваат напорите за локализирање на пожарот во регионот Гар.
Службата извести дека досега изгореле 620 хектари. Околни села беа евакуирани, а автопатите затворени додека повеќе од 900 пожарникари и два авиони се вклучени во гаснењето на пожарот.
Пожар му се заканува на Севен, планински регион делумно заштитен од УНЕСКО, што го зафаќа поголемиот дел од југоисточна Франција.
Француската национална метеоролошка служба денеска прогласи црвен аларм за неколку соседни области поради опасност од пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.