Француските синдикати за 16 февруари планираат нови штрајкови и демонстрации против планираните реформи на пензискиот систем, јавија француски медиуми повикувајќи се на синдикални извори.
Во Франција штрајкови се одржуваат од средината на јануари, со кои синдикатите протестираат против плановите на Владата да го продолжи работниот век за две години, од 62 на 64.
Извори од синдикатите CGT, CFTC и Unsa изјавија дека осумте главни синдикати во Франција се согласиле на нови протести на 16 февруари и разгледуваат опции за протести и на 7 и 8 март, кога во Сенатот ќе се разгледува предлог-законот на владата за пензиските реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.