Во екот на главната туристичка сезона, концесионерите кои управуваат со најголемиот дел од вкупно 7.200 плажи во Италија првпат штрајкуваа, првично само во утринските часови два и пол часа.
Италијанските влади во последните години континуирано го одложуваат спроведувањето на директивата на ЕУ, која требаше да се имплементира уште во 2006 година, а со која се предвидува дека државните концесии за плажите мора редовно да се објавуваат на јавни тендери бидејќи тоа е јавно добро.
Сепак, според сите сметки, владата на десничарскиот премиер Џорџа Мелони има намера да ги примени овие принципи на ЕУ, пренесува Дојче Веле.
Италијанскиот брег законски и припаѓа на државата – односно на сите, но повеќе од половина од плажите се доделени на приватни концесионери, често без јавен конкурс и по неверојатно ниски цени, што некои го нарекуваат непотизам, а други мафијашки бизнис.
Доколку владата на десничарскиот премиер на Италија Џорџа Мелони не преземе конкретни мерки, плажите би можеле да бидат затворени половина ден веќе во средината на август, па дури и цел ден на крајот на месецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.