Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела.
Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините.
Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.