Во Австрија има се повеќе позитивни ПЦР тестови на ученици и паралелки кои поради заразени ученици преминале на онлајн настава.
Оваа недела имало повеќе позитивни тестови во провинциите Салцбург и Штаерска отколку пред една седмица. Во Салцбург со тестирање се „откриени“ 247 позитивни ученици, што е двојно повеќе од пред една недела, а во Штаерска 603, што е исто така двојно повеќе.
Во моментов, 1.900 паралелки се префрлени на онлајн часови поради болни ученици. Минатиот петок ги имаше 100 помалку.
Мораме да тргнеме од тоа дека по викендот дел од часовите ќе се вратат на настава во училиштата, но и дека други ќе преминат на учење на далечина – истакнуваат од Министерството за образование.
Засега нема ниту едно училиште кое мора целосно да се затвори. Според важечкото правило, наставата со еден болен ученик продолжува на училиште, но другите ученици мора да се тестираат секој ден. Ако втор ученик во класот се разболе во рок од три дена, тој клас/одделение ќе се префрли на онлајн настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.