Бројот на новозаразени со коронавирусот во Австрија повторно значително расте.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 6.869 новозаразени, како и девет смртни случаи од Ковид-19.
Тоа е двојно повеќе од пред една недела и за 2.600 повеќе од вчера.
Експертите предупредија дека ќе има ново зголемување на бројот на новозаразени по привременото укинување на сите епидемиолошки мерки.
Сепак, тие предвидоа околу 6.500 нови случаи дури за една недела.
Седумдневната инциденца на 100.000 жители од вчера е зголемена од 300 на 340.
Експертите очекуваат следната среда инциденцата да се зголеми од 400 на 670, што би значело 6.500 новозаразени дневно, но не е исклучена можноста бројот на новозаразени да се зголеми на 8.500.
Причината за значителниот раст на новоинфицираните е ширењето на подваријантите на омикрон БА. 4 и БА. 5.
Се предвидува дека овие позаразни подвидови ќе станат доминантни за една недела и дополнително ќе го забрзаат растот на бројот на новозаразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.