Во Австрија од денеска со закон е задолжителна вакцинацијата за сите полнолетни граѓани. Неколку земји ширум светот воведоа задолжителна вакцинација за постарите граѓани или медицинскиот персонал, но Австрија е прва во Европа што усвои слични прописи.

Австриската министерка за ЕУ ​​и устав, Каролин Едштадлер изјави дека администрацијата е свесна дека ова е многу тешка мерка, но дека е неопходна.

Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за да може општеството нормално да функционира, рече Едштадлер.

Едштадлер нагласи дека Законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но дека тоа може да се случи и порано доколку пандемијата го дозволи тоа. Таа додаде дека властите нема да го проверуваат статусот на вакцинација на населението до средината на март.

Оние кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Исклучоци од вакцинација се дозволени само поради медицински причини или бременост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.