Општина Анкара отвори огромен земјоделски комплекс и рекреативна зона во регионот Голбаш во близина на турската престолнина.

Проектот е реализиран во рамките на развојниот план на Општина Анкара – БАКАП. Зоната има површина од 3,5 милиони метри квадратни, а земјоделската површина опфаќа 970.000 метри квадратни.

Просторот, кој до пред неколку години беше целосно пуст, опфаќа 39 километри пешачки патеки, 19 километри велосипедски патеки, 160 илјади метри квадратни трева, 45 илјади метри квадратни излетнички места, 15.000 метри квадратни игралишта, езера, кафулиња, ресторани, спортски терени.

Зоната има градина со лаванда на површина од 55 илјади метри квадратни, десетици илјади различни овошни дрвја, големи земјоделски површини, оранжерии.

Комплексот има 5.000 паркинг места, како и огромна површина наменета за организирање фестивали.

Во комплексот има фарма за одгледување коњи, предвидено е и јавање. Има 12 спортски терени, вклучувајќи тениски терени, фудбалски игралишта, за одбојка и кошарка. Во областа има и два мини картинга.

На отворањето на зоната, градоначалникот на Анкара Мансур Јаваш истакна дека со задоволство го претставува најголемиот земјоделски комплекс и рекреативна зона во Турција, што се отвора по повод 100-годишнината од Републиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.