Високи претставници на германската армија „Бундесверот“ се противат на испорака на тешко оружје за Украина.

Заменик-генералниот инспектор на германскиот „Бундесвер“, Маркус Лаубентал, се спротивставува на испорака на тешко оружје во Украина, нагласувајќи дека истото оружје и е потребно на германската армија.

За да управуваме со вооружените сили и да обучуваме нови војници, потребни ни се вооружени системи – вели Лаубентал.

Според него, борбените возила од пешадијата од типот „Мардер“, кои ги бара Украина, се уште и се потребни на Германија за исполнување на различни обврски, вклучително и во рамките на НАТО.

Затоа, тие не можат само туку-така да му бидат отстапени на Киев – додава Лаубентал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.