Заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Викторија Нуланд изјави дека САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим и дека тоа се легитимни цели, пренесува ТАСС.

Украина нема да биде безбедна доколку Крим не се демилитаризира, рече Нуланд за време на видео дискусија организирана од Фондацијата Карнеги за меѓународен мир со седиште во Вашингтон, според агенцијата.

Нуланд, исто така, рече дека Киев треба да врати „значајни делови од територијата пред да се појави прашањето за Крим“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.