Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море.

Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата.

Дополнително, Лондон ќе користи и складира јаглерод на две нови локации во североисточна Шкотска и во регионите Хамбер, се додава во соопштението.

Сите бевме сведоци на тоа како Путин манипулира и ја користи енергијата како оружје, нарушувајќи го снабдувањето и го стопираше растот во земјите ширум светот, изјави по тој повод британскиот премиер Риши Сунак.

Сега, повеќе од кога било, од витално значење е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да ја искористиме таа независност за да испорачаме попристапна, чиста енергија во британските домови и бизниси, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.