Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, дознава Би-Би-Си.
Ваквата одлука доаѓа откако соседна Венецуела го обнови своето право на спорниот дел од територијата на Гвајана, која е богата со нафта и минерали.
Британското министерствоза одбрана потврдило дека бродот „ХМС Трент“ ќе учествува во заеднички вежби по Божиќ.
Гвајана, членка на Комонвелтот, е единствената нација во Јужна Америка каде што се зборува на англиски јазик.
„ХМС Трент“ – крајбрежен патролен брод – беше распореден на Карибите за да лови шверцери на дрога, но сега е прераспределен откако владата на Венецуела, претходно овој месец се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо во Гвајана.
Ова ги зголеми стравувањата дека Венецуела би можела да примени воени средства и да ја предизвика првата меѓудржавна војна во Јужна Америка од конфликтот на Фокландите во 1982 година, во која учествуваа Велика Британија и Аргентина.
Венецуела долго време тврди дека е сопственост на Есекибо, регион од 100.000 квадратни километри што сочинува околу две третини од Гвајана.
Нејзините ридови и џунгли се богати со злато, дијаманти и боксит, додека на брегот се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.