Британската влада продолжува активно да носи мерки насочени кон справување со миграциската криза. На 24 октомври, секретарот за имиграција, Роберт Џенрик, ги објави плановите на владата да затвори 50 хотели за бегалци до јануари и дополнителни 50 до април. Наместо во такви хотели, барателите на азил ќе бидат сместени во воени бази и бродови за крстарење. Процесот на преместување на мигрантите треба да почне во наредните денови.
Како што коментираат медиумите на островот, преместувањето на бегалците од хотелите во понеудобни сместувања има за цел да ги даде првичните резултати пред парламентарните избори. Иако овој настан веројатно нема да има глобално влијание, тоа ќе и овозможи на Конзервативната партија да ги прикаже своите достигнувања за време на изборната кампања.
Според последните податоци на Даунинг стрит, од почетокот на 2023 година во земјата пристигнале 26.116 чамци со мигранти, наспроти 37.575 во истиот период минатата година. Канцеларијата на Риши Сунак наведува дека значителниот пад на бројката не се должи на временските услови, туку е резултат на владините политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.