Франција ќе ја укине обврската за тестирање на коронавирус за вакцинирани патници од земји надвор од Европската унија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон.

Во наредните денови ќе објавиме укинување на тестовите за вакцинирани лица, истакна Бон за Франс 2.

Сите патници кои влегуваат на француска територија од земји што не се членки на ЕУ, вклучително и Велика Британија, во моментов треба да имаат негативен ПЦР или антиген тест на коронавирус не постар од 48 часа, се наведува на веб-страницата на француското Министерство за надворешни рaботи.

Несомнено, оваа недела ќе биде усвоена нова европска практика, што ќе овозможи за вакцинираните лица кои доаѓаат во Европската унија од трети земји да важат поблаги мерки, додаде Бон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.