Ватикан е подготвен да посредува во преговори меѓу Москва и Киев и ја нуди својата територија како неутрално место за нивно одржување, пишува италијанскиот весник „Стампа“.

Според весникот, тоа било соопштено по средбата меѓу папата Франциск и францускиот претседател Емануел Макрон на 24 октомври.

– Ватикан ги интензивира политичките напори за решавање на украинскиот проблем. Судејќи по сè, уште еднаш изрази подготвеност, од една страна, да дејствува како посредник, а од друга страна, ја предложи својата територија како неутрална платформа за преговори за решавање на конфликтот, се наведува во написот.

Папата Франциск и при враќањето од Бахреин, изјави дека Ватикан „работи на зближување и изнаоѓање решение“ за прекин на конфликтот во Украина. Ватикан во неколку наврати соопшти дека Светата столица е подготвена да направи сè што е можно за да се воспостави дијалог меѓу Русија и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.