Папскиот пратеник за решавање на кризата меѓу Русија и Украина, кардиналот Матео Марија Зупи, смета дека Пекинг е „важен и незаменлив ресурс“ кој може да помогне во решавањето на украинскиот конфликт.
Нешто се движи. Бев во Киев и вo Москва. Бев во Вашингтон и вo Пекинг. И Русите и Украинците ја препознаваат улогата на Светата столица. Нунциите во двата главни града прават прекрасна работа. Секако дека би сакале да видиме многу повеќе резултати во однос на враќањето на децата. Нема да пропуштиме ниту една прилика да го направиме тоа – изјави кардиналот за весникот „Кориере дела сера“.
Според кардиналот, Кина е „голем и незаменлив ресурс и секако може да помогне да се постигне мир во Украина“.
Мора да се ослободиме од логиката дека воената победа е единствената опција, а дијалогот е капитулација – изјави кардиналот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.