Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави анализа за состојбата на фронтот во Укртаина, во која пишува дека реката Дњепар во Херсонската област, за украинските сили се претворила во „река на смртта“.
Изданието во анализата пренесува изјави од украински војници што делуваат во областа, кои ја раскажуваат приказната за „смртоносната мисија за заземање на територии источно од Дњепар.“
Нѐ фрлија како парче месо на волците. Ние претрпуваме многу загуби. Едноставно губиме луѓе, но нема резултат“, раскажуваат украинските маринци.
Весникот пишува за случаите на ранети војници кои се давеле, не можеле да пливаат поради повредите или биле повлечени до дното на реката со тешките ранци.
Преминувањето на реката е толку опасно што телата на маринците кои загинаа за време на првиот бран што ја премина реката пред два месеци се уште се таму“, велат украинските маринци.
Како што велат тие, умираат многу од оние кои се возат во чамците, кои постојано се мета на руската артилерија и дронови.
Од групата од 45 луѓе кои беа фрлени на источниот брег, петмина веднаш загинаа, а уште 20 беа повредени, вели еден од украинските војници.
Изданието пишува дека Украина не ослободила ниту една населба за време на операцијата во Кринки.
Како што контраофанзивата заглави, украинските воени и политички лидери се обидоа да им покажат на своите западни поддржувачи одреден напредок – каков било напредок“, заклучува „Вашингтон пост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.