На европарламентарецoт Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“

Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашња на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање на хрватските европарламентарци Жељана Зовко и Томислав Сокол, по седнувањето на место заброави да го исклучи микрофонот и рече „Уште колку идиоти има?“, веројатно мислејќи на останатите европарламентарци.

Зовко зборуваше за најновата состојба во Босна и херцеговина и го истакна неодаменшното формирање на СОветот на министри во БиХ. Таа повика на поддршка од Комисијата за новиот состав, а посебен акцент стави на финансиските средства од ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.