Кина се залага за повторно воспоставување на мирот на Блискиот Исток, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, додавајќи дека во Газа има „хуманитарна катастрофа“. „Ние работиме заедно за брзо смирување на ситуацијата во Газа и враќање на мирот на Блискиот Исток што е можно поскоро“, рече Ванг пред делегацијата на дипломати од арапските или мнозински муслимански земји.

Според него, „во Газа се случува хуманитарна катастрофа“. „Ситуацијата во Газа влијае на секоја земја во светот, доведувајќи го во прашање концептот на доброто и злото, како и основните принципи на човештвото“, рече шефот на кинеската дипломатија пред претставниците на палестинската управа, Индонезија, Египет, Саудиска Арабија и Јордан.

„Меѓународната заедница мора да дејствува итно и да преземе ефикасни мерки за да го спречи ширењето на оваа трагедија“, додаде Ванг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.