Британскиот министер за одбрана Бен Валас ја отфрли идејата за укинување на голем број санкции за Русија во замена за отворање хуманитарни коридори за извоз на жито од украинските поморски пристаништа
За време на неговиот состанок со неговата шпанска колешка Маргарита Роблес, тој ја повика Русија „да ја направи вистинската работа“ и да дозволи Украина да го извезува своето жито низ зелениот коридор за да им помогне на земјите каде недостигот на жито може да предизвика глад, пишува Ројтерс.
„Тоа жито е за сите, Либија, Јемен, луѓето ширум светот се потпираат на тоа жито за да се прехранат. Ја повикувам Русија да ја направи вистинската работа во духот на хуманоста и да го пушти житото на Украина надвор, да престане да го краде житото за свои средства. Да не зборуваме за санкции, да ја направиме вистинската работа – рече Валас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.