– Пукањето се случило во трговскиот центар на Крокус сити хол, потврди руската разузнавачка служба ФСБ Центар за односи со јавноста.

Вака започна крвавиот пир на пет вооружени лица во маскирни униформи пред почетокот на концертот на руската група.

Група мажи вооружени со автоматско оружје прво отворија оган врз обезбедувањето на влезот во концертната сала.

Потоа пукаа кон гледачите во фоајето, рекоа оперативните служби, а луѓето почнаа да бегаат од салата.

Наскоро имаше експлозија и пожар, а луѓето почнаа панично да бегаат од трговскиот центар. Многумина останаа заробени поради пожарот во зградата.

Како што пренесуваат медиумите, по пожарот почнал да се урива покривот на салата. Заробени се околу 100 луѓе, а во моментот на пукањето во салата се наоѓале околу 6.200 луѓе, јавува Би-би-си.

ФСБ додаде дека „се преземаат сите неопходни мерки за да се фатат сторителите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.