Четири лица загинаа, а 900.000 останаа без електрична енергија во провинциите Онтарио и Квебек во силните бури кои ја погодија источна Канада.

Полицијата во Онтарио преку Твитер соопшти дека тројца загинале, а повеќе се повредени во летна бура. Четврто лице, жена на 50-годишна возраст, се удави кога нејзиниот чамец се преврте под удар на бура во реката што ја дели Отава од предградијата на Гатино, објави Радио Канада извештај од локалната полиција.

Покрај тоа, речиси 900.000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340.000 во Онтарио и 535.000 во Квебек, според локалните енергетски компании Хидро Уан и Хидро Квебек



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.