На социјалните мрежи се појави  видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата Ал Шифа, најголемата во Појасот Газа, откако израелската армија упадна во неа.

Очевидец во болницата изјави за Би-Би-Си дека тенкови и командоси упаднале во главниот оддел за итни случаи.

Белата куќа соопшти дека пациентите мора да бидат заштитени.

– Не сакаме да гледаме тепачки со огнено оружје во болница – соопштија од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.