Руската паравоена група „Вагнер“ на Телеграм објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец.
„Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот пуч во Русија.
Согласно досегашното неучество на борците на групата „Вагнер“ во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме регрутацијата за еден месец, се наведува во соопштението.
Сè уште е непознато дали Пригожин е во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.