Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо.

Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Се делела помош од девет долари.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.

Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.