Во американската сојузна држава Охајо почина бремена жена откако била застрелана од нејзиниот двогодишен син, објавија денеска американските медиуми.
Инцидентот се случил на 16 јуни кога Лора Илг побарала брза помош пријавувајќи дека двогодишниот син го пронашол нејзиниот пиштол и ја застрелал.
Илг била однесена во болница, каде и бил извршен итен царски рез, бидејќи била во 34 недела од бременоста. Но, лекарите не можеле да ги спасат детето, а подоцна починала и мајката.
Полицијата го пронашла пиштолот СИГ Сауер П365, со која беше застрелана Илг. Но, во нејзиниот дом биле пронајдени и една сачмарка и друга пушка. Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното Обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.