Увозните цени во Германија во август пораснале најмногу од март 1974 година, поттикнати од многукратно повисоките цени на гасот и струјата, но и на ѓубривата, покажуваат податоците од Заводот за статистика Дестатис.
Во август, увозните цени биле повисоки за 32,7 отсто отколку во истиот месец минатата година, по растот од 28,9 проценти во јули.
Увозот на енергија е повеќе од двојно поскап во однос на август 2021 година. Дестатис го издвојува поскапувањето на увезениот гас, чии цени биле четирипати повисоки отколку во минатиот август. Во однос на јули, тие пораснале за речиси 50 отсто.
Уште повеќе на годишно ниво поскапела струјата.
Јагленот е трипати поскап отколку во август минатата година, додека цените на нафтата се зголемени за 58,8 проценти.
Силен раст е забележан и кај цените на увезените ѓубрива и лепила, кои се повеќе од двојно зголемени во однос на ланскиот август.
За четвртина поскапела увезената храна.
На месечно ниво, инфлацијата на увозните цени пораснале на 4,3 отсто, со 1,4 проценти во претходниот месец. Истовремено, инфлацијата на извозните цени изнесува 18,6 отсто во однос на 17,0 проценти во јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.