Британските медиуми пишуваат дека одлуката на Врховниот суд на ЕУ доаѓа откако полската националистичка партија Право и правда, која до неодамна беше владејачка политичка сила во земјата и беше вмешана во бројни судири со официјален Брисел, на изборите на 15 октомври го загуби мнозинството во парламентот-Сејмот.
Сојузот на проевропски партии, што треба да формира нова влада, најави подобрување на односите со ЕУ.
Полска мораше да плати стотици милиони евра во два случаи во кои Судот на правдата на Европската унија одлучи да изрече привремени мерки. Едниот е поврзан со спорот меѓу Полска и Чешка за рудникот за јаглен Туров, а другиот поради воведувањето на дисциплинска комисија за полските судии.
Критичарите ги отфрлија овие одлуки како политизирани, а Уставниот суд на Полска претходно, во 2021 година, предизвика криза во Европската унија со пресудување дека некои европски договори не се во согласност со полскиот Устав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.