Руските медиуми објавија во понеделникот дека искусен руски генерал загинал во украински ракетен напад во јужниот дел на Запорожје, пишува „Гардијан“.

Како резултат на непријателски ракетен напад, началникот на Генералштабот на 35-та комбинирана армија, генерал-мајор Сергеј Горјачев, беше убиен, истакна провоениот блогер Военкор во објава на Телеграм.

Според „Гардијан“, Горјачев е одликуван командант кој претходно ги предводел руските трупи во отцепениот регион Придњестровје во Молдавија.

Военкор додаде дека денеска армијата изгубила „еден од најбрилијантните и најефикасните воени лидери“.

Неколку руски воени блогери сугерираа дека Горјачев најверојатно бил убиен од крстосувачка ракета Storm Shadow испорачана од Велика Британија.

Руското министерство за одбрана се уште не ја коментирало смртта на генералот.

Се верува дека повеќе од десет руски генерали се убиени откако Москва ја нападна Украина и дека регионот Запорожје, од кој околу 80 отсто е под контрола на руските сили, е една од главните фокусни точки на украинската контраофанзива.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.