Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина моќ Украинците повторно да бидат господари на нивната иднина.

Таа оцени дека поддршката за Украина на патот кон членството во ЕУ не е „терет, туку историска одговорност“ на Унијата.

Украинците храбро се борат бидејќи точно знаат каква иднина сакаат. Тие сакаат членство во ЕУ и мислам дека не е само во наш стратешки интерес, туку и наша морална обврска да им помогнеме да влезат во ЕУ, рече Фон дер Лејен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.