Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.

Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слабата обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чии состав имаше платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штедеа странците – изјави Конашенков.

Тој додаде дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушни-вселенски сили, во последните 24 часа погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните „Кракен“ и „Азов“ во областа Харков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.