„Убаво е човек да се врати во Киев. Таму каде што секојдневно се штитат вредностите што ги цениме. Затоа ова е соодветно место за прославување на Денот на Европа“, напиша Фон дер Лаен на Твитер.
Таа ја поздрави одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го одбележи 9 мај како Ден на Европа во Украина.
Претседателката на Европската комисија објави и фотографија од перонот на железничката станица во Киев, каде што ја пречека заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Јевхен Перебијнис, пренесува Ројтерс.
Good to be back in Kyiv.
Where the values we hold dear are defended everyday.
So it is such a fitting place to celebrate the day of Europe.
I welcome President @ZelenskyyUa‘s decision to make 9 May Europe Day also here in Ukraine. pic.twitter.com/MEGOEfgyIq
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 9, 2023
Фон дер Лаен денеска ќе се сретне со Зеленски.
Зеленски во понеделникот потпиша декрет врз основа на кој 9 мај ќе се слави како Ден на Европа во Украина, заедно со земјите од Европската Унија. Зеленски исто така предложи 8 мај да се одбележи како Ден на сеќавање и на победата над нацизмот во Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.