Во време кога бројот на случаи на Ковид 19 растеи кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава.

Универзитетите најавуваат дека таквата одлука би можела да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине.

Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари, но само „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка.

Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава.

Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе почне онлајн.

Многу универзитети се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат“ врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од омикрон варијантата на корона вирусот.

Досега, повеќе од 70 универзитети во 26 американски сојузни држави одлучија да почнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат таквата опција.

Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот.

Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит или Нортвестерн во близина на Чикаго.

Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.