Унгарските пратеници денеска го реизбраа Виктор Орбан за премиер.

Лидерот на партијата „Фидес“, кој е на чело на владата од 2010 година, е избран за премиер со 133 гласа „за“ и 27 „против“, пренесува МТИ.

По гласањето, Орбан положи заклетва и ја презеде функцијата.

Oрбан на почетокот на април прогласи победа на парламентарните избори во Унгарија, кои всушност му го овозможија четвртиот последователен мандат како премиер.

По објавувањето на првите резултати, Орбан тогаш им порача на функционерите и симпатизерите на неговата партија дека е постигната огромна победа.

Постигнавме победа која е толку голема што може да се види од Месечината, а секако може да се види и од Брисел – рече Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.