Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба е задоволен од резултатите на неодамнешниот самит на НАТО во Вилнус.

Тој додаде дека психолошки неговата земја е веќе членка на западната воена алијанса.

Ја надминавме психолошката бариера и гледам дека на Украина веќе се гледа како на вистинска членка на НАТО, изјави Кулеба во интервју за украинска телевизија.

Тој жали што овој „квантен скок“ не се случил во Вилнус, но е убеден дека ќе се случи, т.е. членството во НАТО „неизбежно доаѓа“.

А тоа ќе се случи „многу порано отколку што ни изгледа сега“, изјави Кулеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.