Вооружените сили на Украина се помасовно мобилизираат жени затоа што повеќе нема доволно мажи за мобилизација за фронтот, објави „Франција инфо“.
Изданието известува дека воените инструктори изведуваат тренинзи на цели женски баталјони во шумите во близина на Киев.
Ваквата мобилизација се изведува врз основа на претстојниот закон за мобилизација, чие донесување во парламентот – Радата, предизвика широк револт ширум земјата, и во пресрет на информациите од фронтот од каде пристигнуваат извештаи за недостаток на војници и лекари.
Ова е катастрофа. Се разбира, нема многу од оние кои се подготвени да ги напушат својот живот и работа за да се пријават во војска. Но, немаме избор, многу е тешко тука“, цитираат француските новинари зборови на еден од лекарите на првата линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.