Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија.

Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението.

Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи.

По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.

Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.

Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка.

Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста.

Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.