Kолумнист на „Дејли бист“, по разговори со припадници на украинските сили на фронтот, пишува дека Вооружените сили на Украина стравуваат од проруските жители на Купјанск.
Во овој источен град, украинските војници велат дека се плашат дека проруските цивили би можеле да ги отрујат, да им подметнат експлозив или на друг начин да ги убијат“, се наведува во написот.
Во текстот се наведува дека сместен во источниот дел на Харковската област, Купјанск некогаш го добил прекарот „Мала Русија“ и станал познат по своите проруски чувства.
Тоа беше првиот град кој им се предаде на руските сили на почетокот на војната и тоа го направи без да биде испукан ниту куршум, делумно благодарение на градоначалникот кој им порача на жителите да „избегнат загуба на животи и уништување на инфраструктурата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.