Во попладневните часови, украински воени формации го нападнале пограничниот округ Волоконовски во регионот Белгород, во Русија.
Како што јавуваат руски извори, во селото Тишанка фрагменти од гранати оштетиле далновод, но нема повредени. Службите за итна помош се на терен.
Претходно, украинските сили нападнале и други погранични региони на Русија. Во регионот Брјанск, екипажите за воздушна одбрана пресретнале три украински беспилотни летала во областа Новозибков, додека во Курск, армиски единици на Украина испукале најмалку пет ракети во селото Салное.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.