Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика воените резервисти да контактираат со Министерството за одбрана, но засега ја отфрла можноста за општа мобилизација.

Зеленски рече дека сè уште бара дипломатско решение за кризата, нагласувајќи дека Украина „нема да ѝ отстапи ниту дел од својата територија на Русија“.

Мојот приоритет е да го зачувам суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Зеленски, додавајќи дека ги поздравува санкциите наметнати на Русија од западните земји, објави Би-Би-Си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.