Украинскиот министер за надворешни работи Дмитрo Кулеба порача дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија, но под услов Москва да го направи првиот чекор.

Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир. Русија сега треба да направи чекор – изјави Кулеба.

Тој додаде дека Русија е таа што „сега мора да направи отстапки“.

Нашата цел – и ние тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери – е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир – изјави Кулеба.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.