Вооружените сили на Украина извршиле ракетен напад врз нафтените платформи на „Черноморнефтегаз“ во Црното Море.

Непријателот утринава пукаше во нафтените извори на платформите на „Черноморнефтегаз“. Во контакт сум со колегите од Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија, работиме на спасување луѓе – напиша Аксјонов на својот канал на Телеграм.

Според него, во потрагата за настрадани по нападот се спасени пет лица, а тројца се повредени. По останатите се трага.

Во спасувачката акција учествуваат патролни бродови и авијација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.