Битката за главниот град на Украина Киев може да биде новиот руски Сталинград, изјави украинскиот пратеник Свјатослав Јурак за Би-Би-Си.
Јурак, кој е најмладиот украински пратеник и поранешен советник на Зеленски, помага во волонтерската одбрана во Киев. Тој рече дека главниот град се соочил со интензивно рекетирање во текот на ноќта, а на периферијата на градот се уште траат борби.
Тој предупредува дека Русија треба да се подготви за големи загуби доколку го нападне Киев.
Тоа е огромен милионски град и ако Русите се обидат да влезат, ќе има голема борба – ова ќе биде нивниот Сталинград, рече тој, мислејќи на најкрвавата битка во Втората светска војна во која загинаа околу 1,1 милион советски војници и 800.000 нацисти.
Никој нема да се предаде – тоа дефинитивно можам да го гарантирам, истакна тој.
Јурак додаде дека ја координирал доставата на залихи, вклучително и вреќи со песок, како и дека разговарал со различни воени единици за „ефикасно“ да ја водат претстојната битка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.