Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека уапсила командир на специјалните сили обвинет за предавање информации на руското воено разузнавање.

Осомничениот, со воен чин потполковник, имал пристап до тајни операции во заднината на непријателот, кои рускиот ГРУ планирал да ги искористи за елиминација на украински специјалци.

СБУ истакна дека командирот бил регрутиран од Русија пред војната во 2022 година, а активиран бил годинава. Нему му се заканува доживотен затвор за велепредавство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.