Поранешниот пратеник во украинскиот парламент од партијата „Опозициска платформа – за живот“, Илја Кива, најави дека има намера да побара заштита и политички азил во Русија, пренесува ТАСС.

Официјално изјавувам дека денес во Украина владата масовно го искоренува украинскиот народ, ги крши сите правни, морални и здраворазумски норми, врши терористички акти против цивили, физички ги отстранува непожелните, турка илјадници луѓе кои беа мачени и егзекутирани во подрумите на Службата за безбедност на Украина без обвинение и судењe, отворено go тероризира населението, ослободува криминалци од затвор за да извршат воени злосторства –  соопшти на Телеграм, поранешниот член на украинската Врховна Рада.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.