Украинскиот регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдај, соопшти дека украинските сили добиле наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со руската армија.
Украинските вооружени сили ќе мора да се повлечат од Северодонецк. Тие добија таква наредба – објави Гајдај на Телеграм.
Сепак, локалните власти во Северодонецк, стратешкиот град во источна Украина, соопштија дека ќе биде потребно време за украинските вооружени сили да го напуштат градот.
Шефот на регионалната државна администрација во Северодоњецк, Роман Власенко, за украинското радио Слобода изјави дека руските трупи напредуваат во сите правци во областа Северодонецк и Лисичанск, користејќи авиони и ракети.
Руските сили денеска целосно го зазедоа округот јужно од градот Лисичанск во регион Луганск – изјави локалниот украински функционер Алексеј Бабченко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.