Руското министерство за одбрана соопшти дека на фронтот во Украина продолжуваат позиционите битки во регионот Харков.

Како што велат од руското министерство, како резултат на успешната офанзивна операција, руските вооружените сили се зацврстиле во Цуповка и се борат на северната периферија на Прудјанка.

Во насока, пак, на Изјум, руските сили ја преминале реката и ја овоиле Норцовка, со што се отворил пат за напад врз позициите на вооружените сили на Украина во Чепел.

Во извештајот се наведува дека во Донбас сојузничките сили на Руската Федерација и народните милиции на ЛНР и ДНР систематски развиваат успех.

Единиците на руските вооружени сили кои напредуваа кон Лисичанск го освоија селото Волчејаровка и стигнаа до западното предградие на Лисичанск. Во исто време, руските сили кои напредуваат од југ се вклучени во жестоки битки со единиците на вооружените сили на Украина, утврдени на територијата на индустриските претпријатија.

 

Сојузничките трупи почнаа да го чистат „котелот“ формиран во Горски и Золоте: опколените единици на вооружените сили на Украина масовно се предаваат.

 

Дневните битки за Николаевка завршуваат. Вооружените сили на Руската Федерација и НМ на ЛПР го чистат селото.

 

Офанзивните групи ПМЦ Вагнер се вклучени во интензивни битки кај Покровски: единиците на 30-та специјализирана бригада на вооружените сили на Украина изгубија повеќе од половина од својот персонал – се наведува во извештајот.

Во него се додава дека како резултат на украинските напади врз Доњецк, оштетени се училиштата, градинките и црквата Свето Благовештение во регионот Кујбишев. Има мртви и ранети.

Вооружените сили на Украина се обидуваат да ги нападнат позициите на народната милиција на ДПР во областа Угледар. Како резултат на повеќедневните борби, украинските сили ја окупираа Павловка и се зацврстија на периферијата на Новомајорски. Во правецот Кривји Рих, вооружените сили на Украина направија неуспешен обид за напад во областа Потемкино – се вели во рускиот извештај.

Од руското министерство информираат дека со ракетни напади се погодени неколку бази за поправка и реставрација на воената опрема на Вооружените сили на Украина во Николаев, додека на островот Кубански во регионот Одеса, крстосувачки ракети погодиле позиции на хаубици М-777.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.