Руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија, соопштија украинските гранични сили.

Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина, се наведува во соопштението.

Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила.

Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.